Дефиниција: Тетанусот
претставува тешка акутна и смртоносна болест, предизвикана од токсинот на
тетанусниот бацил, која клинички се карактеризира со трајни и повремени
тонично-клонични грчеви на напречно набраздената мускулатура.
Етиологија:
Тетанусот
е акутна болест која ја предизвикува бактеријата clostridium tetani која произведува два токсини, од кои еден доведува до
прекин на црвени крвни зрнца, а другиот се шири по централниот нервен систем,
што предизвикува болни мускулни контракции и мускулна ригидност. До инфекција
со оваа бактерија доаѓа преку повреди и рани на кожата. Clostridium
tetani - таа е грам позитивна анаеробна бактерија и е многу подвижна.Нормално
живее во дигестивниот тракт на човекот и повеќе домашни животни: коњ, говеда,
овци и др. Бактеријата при анаеробни улови излачува егзотоксин кој е еден од
најјаките биолошки токсини. Во надворешната средина се исфрла преку фецесот во
облик на спори кои се многу отпорни и можат да останат интактни повеке време. Тетаногените
спори се наогаат насекаде во природата: земја, ѓубре, прашина, ниви, предмети и
др. Човекот се инфицира случајно при повреди а болеста се развива само при
анаеробни услови. Бактеријата влегува во организамот преку тетаногени
рани. Спорите при анаеробни услови
преминуваат во вегитативен облик и почнуваат да излачуваат егзотоксин.
Клиничка слика
Инкубацијата
трае 7 дена, но може да е пократка до 3 дена или подолга до неколку месеци. Во
зависност од локализацијата на повредата, тетанусот се манифестира во повеке
клинички облици: генерализиран, локален, цефаличен, неонаталошки и
гинеколошки.
Генерализираниот може да биде со тонични и параксизмални грчеви. Генерализирачкиот облик со тонични грчеви ги зафака мастикаторните мускули. Заради стегнување на вилиците болните неможат да зборуваат и голтаат. Грчот ги зафака и мимичните мускули и мусклите на вратот и се јавува facies tetanica. Хипертонусот ја извива вратната мускулатура, па настанува opistotonus cervicalis, a подоцна и рбетниот столб (opistotonus toracolumbalis). На крајот целиот труб се извива во вид на лак и болните лежат само потпрени само на главата и петиците (opistotonus totalis). Кога болеста е најизразена тие лежат на грб во тотален опистотонус, неподвижни се,чуствуваат страв и мачнина, додека подвижни им се само очите.
Генерализирачкиот
облик со параксизми. Се манифестираат со изненадни, краткотрајни грчеви на
целокупната напречноригеста мускулатура, вклучувајки ги и антагонистичките
мускули. Се опушуваат како удар од гром и се многу импресивни. Заради спазамот
вилиците уште повеке се стегаат, а дишењето станува кратко, површно или
престанува. Причина за смртта се акутната респираторна инсуфициенција и
хипоксијацијата и нивното дејство врз срцевата мускулатура и CNS.
Други
клинички облици:
·
Локален тетанус –
настанува при патогена повреда на екстремитетите кај лица кои имаат делумен
имунитет. Се манифестира со тоничен грч на мускулатурата на повредениот
екстремитет и болеста завршува во текот на 10-15 дена со излекување.
·
Цефаличен тетанус – се
јавува при повреда на лицето или главата, а се манифестира со парализи на
моторните влакна на кранијалните нерви, најчесто на n.
facialis.
·
Неонатален тетанус –
настанува при нестручно сечење на папочната врвца со нестерилен нож.
Инкубацијата трае од 4-7 дена. Леталитетот на овој облик на тетанус е многу
висок, поретко има полесна клиничка слика и завршува со излекување.
·
Гинеколошки тетанус – е одраз на нестручен абортус или породување. Има склоност кон
кардиоваскуларен колапс и често има голема смртност.
Дијагноза
Дијагнозата
се поставува исклучиво на темелно прегледување на клиничката слика, а посебно
треба да се обрати внимание на раните на пациентот. Од помош се и
епидемиолошката анамнеза и лаболаториските наоди.
Терапија
Лекувањето
е комплексно и се изведува во центри за респираторна реанимација или во оддели
за интезивна нега. Терапијата има за цел
да го неутрализира неврзаниот егзотоксин, намали спазамот, превенира појавата
на пароксизми и да изврши корекција на метаболизмот и респираторната
инсуфициенција. За лекување на пациентот потребно е обработка на раните и
антибиотска терапија, најчесто со пеницилин. Потребно е да се примени и хуман
тетанус имуноглобулин (HTIG) и тетанус анатоксин. На пациентите им се дава и
препарати од диазепам, мускулни релаксанси, бета блокатори, аналгетици и
кардиотоници. Се препорачува и одење во тивки и мрачни простории, по можност во
болнички услови.
Превенција
Успешна
превенција се изведува со имунизација која се спроведува по календарот за
задолжителна вакцинација спрема возраста. Сите тетаногени рани треба хирушки да
се обработат, и да се ординира антитетанусна заштита. Иако болеста не е
заразна, подлежи на задолжителна пријава.